јуни 5, 2017

01 Јуни, Светски ден на згрижувачи

Црвен крст на град Скопје во рамките на активностите за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства традиционално го одбележува 01 јуни Светскиот ден на загрижувачки кој годинава ќе го реализираме на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза со почеток во 11 : 00 часот. На настанот освен децата сместени во згрижувачки семејства преку ЦСР Скопје, ќе се приклучат децата и згрижувачи од СОС детско село.

Активноста ќе ја реализираме во соработка со МТСП – ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје и СОС Детско село поддржани од Комерцијална банка.

На споменатата локација ќе бидат поставени тенди, маси и столчиња и ќе се реализира програма со изведувачи на детски песнички -„Златно славејче“, како и цртање , редење сложувалка, изработка на оригами.

Ве очекуваме да зборуваме за проблемите кои го мачат нашето општество.

< врати се назад