јули 12, 2018

„100% Црвен крст“ – летен камп за обука на млади волонтери

Младите на Црвен крст на Република Македонија во периодот од 01-07 Јули 2018 година во Велестово, Охрид организираа обука за стекнување на знаења и вештини за организирање на младите во своите клубови, одржување на состаноци, креирање на активности, ефективно пренесување на информации, подобро запознавање со структурата и активностите на националното друштво, поднесување на иницијативи на локално и национално ниво, организирање на млади во училишни клубови и други работи кои се од важност за работата на клубовите на млади. 64 млади волонтери од 27 Клубови на млади имаа можност да ги зајакнат своите и капацитетите на клубовите на млади за поефикасен и поефективен придонес во работата на Националното друштво. Во текот на обуката низ сет од работилници се разработуваа модели за дејствување преку основните училиштата и секојдневно се одржуваа презентации за размена на искуства на работата на секој клуб.
По завршувањето на кампот учесниците се здобија со насоки и задолженија за работа во периодот септември – декември 2018 година.

 

< врати се назад