јуни 13, 2018

14 Јуни – Светски ден на крводарителството

На 14 јуни традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест  за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти.

 

Во едно на овој ден се настојува да се насочи вниманието кон луѓето – крводарители кои својата хуманост ја изразуваат дарувајќи крв волонтерски.

Овие луѓе се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на светско ниво.

< врати се назад