јануари 28, 2019

15 крводарителски акции и 4 434 единици крв во спомен на Тоше

На 25.01.2019 година, во Дом на АРМ, по петнаесети пат беше реализирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески, во знак на одбележување на неговиот роденден. На акцијата крв даруваа 417 хумани граѓани, најголем дел од нив млади дарители. 
Организатори на крводарителската акција беа Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Центар, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот. Поддршка кон акцијата дадоа волонтерите од Клуб 25- клуб на млади крводарители и мотиватори волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст Центар, како и уметникот Живко Поповски Цветин. Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.

< врати се назад