август 7, 2018

2 години од поплавите во Скопје

Скопје на 6 август 2018, одбележи две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, од реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, кога на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст на Република Македонија, и надлежните институции помогнаа во собирање на најнеопходната помош за настраданите. Околу илјада граѓани беа евакуирани, а 8 август 2016 каде беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

По тој повод градоначалникот на општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски, под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“,на плоштадот во Стајковци додели повеќе од 200 благодарници на институции, јавни претпријатија, фирми, здруженија, на граѓани и волонтери кои доброволно помогнаа за време на поплавите. Благодарница доби и Црвениот крст на Република Македонија.

 

< врати се назад