декември 3, 2018

5 – ти декември – Светскиот ден на волонтерството

Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира согласно потребите на заедницата. Вредноста која волонтерите ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета“, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја.

Веќе традиционално Црвениот крст на Република Македонија, по повод 5 – ти декември – Светскиот ден на волонтерството организира настан за одбележување на овој значаен ден кој има за цел да го истакне значењето на волонтерската активност и дејствување во хуманитарни активности.

Оваа година на 4 декември со почеток во 11:00 часот во просториите на Музеј на град Скопје ќе организира Конференција за волонтерство под слоганот ,, Волонтерите градат стабилни заедници ,,.

На настанот воведно обраќање ќе има претседателот на Црвениот крст проф. д-р. Ромел Велев, а учесници на конференцијата се д-р. Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија, Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика, Ирена Иванова – претставник од Европска делегација во Скопје, Лидија Димова – Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Александра Ристовски од Црвен крст на Република Македонија, Блажен Малевски – Претседател на Национален младински совет на Македонија, Сања Стефановиќ – Програмски координатор при Младински образовен форум, Проф. Марија Топузовска Латковиќ – Институт за социолошки и политичко правни истражувања, Ивана Маринчек – Комора на психолози на Република Македонија, Проф. Раде Рајковчевски – Факултет за безбедност-Скопје при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Живко Мукаетов – Алкалоид АД Скопје.На самата настан  ќе бидат доделени волонтерски награди за посебни достигнувања од страна на Црвен крст на Република Македонија.

Ќе ни причинува особена чест и задоволство доколку присуствувате на овој значаен настан и медиумски го проследите преку кој заедно ќе го истакнеме значењето на волонтерството.

< врати се назад