декември 5, 2016

5 – ТИ ДЕКЕМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира согласно потребите на заедницата. Вредноста која волонтерите ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета“, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја. Веќе традиционално Црвениот крст на Република Македонија, по повод 5 – ти декември – Светскиот ден на волонтерството организира свечен настан за одбележување на овој значаен ден кој има за цел да го истакне значењето на волонтерската активност и дејствување во хуманитарни активности.

Настанот ќе се одржи на 5 декември со почеток во 11:00 часот во просториите на Музеј на град Скопје.

На настанот ќе се обрати претседателот на Црвениот крст г-дин Милчо Трајков,  како и ќе бидат доделени волонтерски награди за посебни достигнувања од страна на Црвен крст на Република Македонија.

Ќе ни причинува особена чест и задоволство доколку присуствувате на овој значаен настан и медиумски го проследите преку кој заедно ќе го истакнеме значењето на волонтерството.

< врати се назад