октомври 17, 2016

6-ТА ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО МОТО КЛУБОТ “GUARDIAN ANGELS MC”

Во рамки на активностите по повод одбележувањето на 8 години од формирањето на Мото клубот “Guardian Angels MC”, во октомври 2016 година во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, Институтот за трансфузиона медицина и Општинската организација на Црвен крст Центар во просториите на Дневниот центар за дарување на крв беше реализирана 6-тата традициолна крводарителска акција. Во акцијата, покрај сите љубители на мотори и нивни симпатизери, беа вклучени и хумани граѓани. Секогаш е добро да се напомене дека со дарувањето крв се пренесува хуманата свест кај моторџиите, за што сведочи и поттикот на дел од нив за првпат во нивниот живот да даруваат крв.

< врати се назад