март 25, 2014

17 МАРТ ДЕН НА ОСНОВАЊЕТО НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ И ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

17maertПо повод денот на основањето на Црвениот крст на РМ и ден на крводарителството на  17.03.2014 година во ДХО Даре Џамбаз, Црвениот крст на РМ организираше свечен настан. Гостите најпрвин ги поздрави претседателот на Црвениот крст на РМ г-дин Милчо Трајков кој истакна дека 17 март е значаен ден за Црвен крст на РМ, датум кој го одбележува постоењето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои низ времето оставија свој белег во изминатиот пат на нашата организација.Ова не потсетува на едноставната  вистина дека секогаш било и е гордост да се биде дел од големата армија хуманисти во светот, кои даваат несебичен дел во спречувањето и намалувањето на страдањата на оние кои паднале во невоља од различни причини. Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов, во рамки на своето пригодно обраќање, истакна дека му претставува особена чест што компанијата што ја води е дел од хуманата мисија на Црвениот крст на Република Македонија.  „Мисијата на Алкалоид е апсолутно комплементарна со таа на Црвениот крст, во делот на грижата и помагањето на луѓето на кои тоа им е најпотребно. Нашата компанија и во иднина ќе помага и ќе го стимулира крводарителството, како една исклучително хумана дејност од секојдневното живеење“, рече Мукаетов.Исто така и преставник од ЕВН Македонија г-дин Игор Гиевски истакна дека компанијата ги остварува хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст на РМ и помагаме во заедницата кон која сите сме подеднакво одговорни.

17 март е и Ден на крводарителството во Република Македонија.Доброволното дарување крв претставува израз на високо етички, хуманитарни и морални вредности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот е висок чин на хуманост и благородност. Благодарение на изградената свест и хуманост на илјадници наши сограѓани-крводарители, спасени се многу човечки животи. Црвениот крст на РМ во 2013 година оствари успешни резултати во крводарувањето.Меѓу кој три општински организаци на Црвен крст Виница, Штип и Центар се најуспешните.

Во 2013 година покрај првите три пласирани ООЦК уште 15 ООЦК го исполнија планот за крводарителство ООЦК Берово, Битола, Валандово, Велес, Делчево, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Струга, Скопје.

< врати се назад