јуни 16, 2014

9-та Европска конференција на Црвен крст и Црвена полумесечина 4-6 јуни, 2014 год. Фиренца, Италија

Во перидот од 4-6 јуни 2014 година во Фиренца, Италија се одржа 9-та Европска Конференција на Црвениот крст и Црвена полумесечина. На Конференцијата учествуваа 53 национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и Меѓународниот Комитет на Црвен крст. На Конференцијата, Црвениот крст на Република Македонија беше претставен од страна на претседателот на организацијата др. Милчо Трајков. Главните теми на Конференција беа волонтерството во Меѓународното Движење на Црвен крст, миграциите, безбедноста на храната, работата на националните друштва во кризни состојби, сиромаштијата и последиците од економската криза.

[responsive]Untitled-2[/responsive]

За време на Конференцијата, активностите на Црвениот крст на РМ беа презенатирани на две работилници. Во рамките на работилиницата Помош во храна и други социјални предизвици во работењето беше презентиран проектот на Црвен крст на град Скопје – Пункт за бездомници, како приказ на позитивни искуства за поддршка на целната група бездомници во градот Скопје во Република Македонија. На работилницата Промена на општествената свест низ неформалното и формалното хуманитарно образование беше презентиран проектот на националното друштво Црвен крст во акција- промоција на хумани вредности како пример на позитивна практика за работа со младите во сферата на дисеминација и развој на проекти за поддршка на локалните заедници. Претседателот Трајков исто така имаше и воведно излагање на работилницата Како партнерствата на Црвениот крст може да помогнат во разрешувањето на проблемите со дрогата при што ги презентираше искуствата на нашето национално друштво на полето на имплементацијата на програмот за намалување на штетите од дроги.

На маргините на конференцијата беа остварени десетина средби со претставници на повеќе национални друштва. Тема на разговорите беше унаредување на билатералната соработка и размена на позитивни практики и искуства. Конференцијата усвои Завршна декларација – Фиренца повик за акција на полето на сиромаштијата– во која се дефинирани идните заложби за делување на националните друштва во остварување на хуманитарната мисија

< врати се назад