октомври 24, 2014

Работилницa за мобилизирање на ресурси

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на Проектот: „Грижа на стари лица во заедницата“ финансиран од Европска Унија во периодот од 20 до 22 октомври 2014 година, во центарот „Солферино“ во Струга, организираше работилница за мобилизирање на ресурси. Целта на едукативната работилница беше да се зајакнат капацитетите на општинските организации на Црвениот крст и граѓанските здруженија за мобилизирање на ресусри за поддршка на социјални програми наменети за помош и грижа на старите лица.

На работилницата присуствуваа претставници од општинските организации на Црвен крст Прилеп, Гостивар и Кичево и од 11 граѓански здруженија вклучени во проектот. Претставникот на Австрискиот Црвен крст кој има долгогодишно искуство за мобилизирање на ресурси, ги претстави позитивните практики на партнерска соработка со корпоративниот сектор во Австрија.

На работилницата присуствуваше и претставник на тимот задолжен за мониторинг од Генералниот секретаријат при Владата на РМ, кој имаше можност да проследи дел од имплементацијата на проектните активности наменети за јакнење на капацитетите на Црвениот крст и граѓанските здруженија.

Согласно дадените насоки на работилницата, општинските организации на Црвен крст во соработка со граѓанските здруженија треба да подготват планови за акција кои ќе содржат активности за мобилизирање на ресурси кои во месец номеври ќе бидат разгледани и одобрени. Истите ќе бидат имплементирани во период од четири месеци во почетокот на следната година со цел да се мобилизираат ресурси од лоаклната заедница, локалните институции и бизнис заедницата за одржлив развој на социјални програми за помош и грижа на старите лица.

< врати се назад