февруари 6, 2015

Хуманитарна Помош 06.02.2015

poplavi_akcija   Црвениот крст на Република Македонија во рамките на хуманитарната акција за обезбедување на помош за настараданото население од поплавените подрачја заклучно со денешниот ден 06.02.2015 ги презеде следните активности: – Дистрибуирана е хуманитарна помош 255 пакети храна, 1.229 пакети хигиена, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 156 литри срестсва за дезинфекција. Со помошта се опфатени вкупно 400 семејства од поплавените региони во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, Кочани, Битола, Прилеп и Куманово. За време на викендот ќе бидат опфатени дополнително уште 200 семејства. -Преку мобилните телефони од T-mobile, One, VIP 070/075/077 143 400 обезбеденени се вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 150.000 денари. Исто така е понудена помош од националните друштва на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора. Црвениот крст на РМ упатува голема благодарност до компаниите и граѓаните за вклученоста и поддршката на хуманитарната акција.

< врати се назад