март 27, 2015

Превенција од трговија со луѓе

DSCN1515615

Со поддршка на Владата на РМ, Црвениот крст на Република Македонија започна имплементација на проектот „Превенција од трговија со луѓе“ кој ќе се спроведува преку Општинската организација на Црвен крст Кочани, Валандово и Делчево . Во периодот 20-23,03,2015 година во хотел Солферино, Струга, одржана е првата обука за 15 врснички едукатори од страна на Проф. Верица С. Трајкова. Во периодот 28-31,03,2015 ќе се одржи дополнителна обука за Форум театар по што локалните тимови ќе направат план за одржување на работилници во основни и средни училишта во периодот април-мај 2015 година.

< врати се назад