март 31, 2015

Седница на Собранието на Црвен крст на Република Македонија

Собранието на Црвен крст на Република Македонија за мандатниот период 2012-2016 година, на 31 март 2015 година во Домот на хуманитарни организации *Даре Џамбаз*, Скопје ја одржа седмата редовна седница.

Во годината кога се одбележува 70 годишниот јубилеј од институционалното формирање на Црвениот крст на РМ и 20 години од приемот на националното друштво за рамноправен член на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, седницата на почетокот имаше и свечен карактер со потсетување за значењето и предизвиците на Црвениот крст, волонтерската активност, почитта кон крводарителите и поддржувачите на хуманитарните и организациони активности.

Крводарувањето секоја година бележи подем а Црвениот крст на РМ и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија се главните носители во реализација на активностите предвидени во годишната програма за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија.

По тој повод врачени се признанијата на 16 општински организации Црвен крст

Виница, Велес и Штип Центар, Свети Николе, Кавадарци. Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Делчево,Гази Баба, Битола, Крушево, Валандово, Струга и Прилеп кои го надминаа бројот на дарувања на крв предвиден за 2014 година а три од нив Виница, Велес и Штип се прогласени за најуспешни..

За поддршката што Црвениот крст на РМ ја обезбеди за активностите за одбележување на Јубилејот, во знак на благодарност доделени се благодарници на : Алфа банка АД Скопје , Кнауф Скопје,Трансмет Скопје, Аутомобиле СК, Комфи Ангел Прилеп, Еко Шар Тетово, Печатница Европа 92 Кочани, Макпетрол АД Скопје, Македонска радио телевизија, Македонски народен театар, Служба за општи и заеднички работи на Влада на Република Македонија, Музеј на македонската борба, Јавно сообраќајно препријатие Скопје, Стефан Турс, Национална Установа Конзерваторски Центар –  Скопје.

Во својот работен дел меѓу другото, Собранието го усвои Извештајот за работа и Финансискиот извештај на Црвениот крст на Република Македонија за 2014 година.

[tribulant_slideshow gallery_id=”2″]

< врати се назад