април 18, 2015

Недела на солидарност „Вашиот прилог – значајна помош”

Црвениот крст на Република Македонија под мотото: ,,Вашиот прилог – значајна помош,, од 20 до 26 април 2015 година ја одбележува традиционалната ,,Недела на солидарност,,. Целта на оваа недела е преку имплементација на хуманитарни активности да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и помош за ранливото население. Во рамките на Неделата, Црвениот крст организира Собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, и истите можат да се предадат во општинските организации на Црвен крст.

Донациите во парични средства можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија: 300000001327966 АД Комерцијална банка, ДБ 4030984271620.

Со повик на мобилните телефонски броеви – 070/075/077 143 400 можат да се донираат 100,00 денари.

Во текот на оваа недела се организира и хуманитарна акција ,,Од куќа до куќа,, во која волонтери на општинските организации на Црвен крст ќе извршат посети на граѓаните во нивните домови кои можат да донираат средства според нивната желба и можност.

Собраните парични средства од акцијата ќе бидат наменети за обезбедување на помош во храна за семејства во социјален ризик.

 solidarnost

< врати се назад