мај 7, 2015

Промовирано партнерство помеѓу Црвен крст на РМ/Црвен крст на град Скопје и Трансмет

transmet_press

Црвениот крст на град Скопје, по повод одбележувањето на 8-ми Мај Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина во четврток 7-ми Мај организираше работилница под мотото “Нашите принципи во акција”. Овој ден се одбележува во сите 189 национални друштва во чест на основоположникот на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина- Анри Динан, кој иницира формирање на организација, како што е Црвениот крст.

На работилницата која се реализираше на 7-ми Мај во просториите на ДХО Даре Џамбаз промовиран беше новиот проект „Училишни клубови за едукација и превенција“ кој ќе го имплементира Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка на донаторот Друштво за градежништво, транспорт и трговија ТРАНСМЕТ ДОО Скопје. На настанот се обратија генералниот секретар на Црвен крст на РМ Саит Саити и генералниот директор на Трансмет Сеад Кочан кои говореа за значењето на заедничкото парнеството во имплементација на проектите активности.

Целта на проектните активности е зајакнување на капацитетите на младите во 19 основни и средни училишта на територија на град Скопје и пружање помош во заедницата. Работата на клубовите во голема мерка ја олеснува вон наставната и неформална едукација на младите на теми од областа на здравствено превентивните и социјално – хуманитарни активности, а се иницираат и нови иновативни форми за младинско ангажирање. Со повторното активирање на овие клубови, ќе се реализираат едукативни и здравствено превентивни активности, обуки, едукации, јавни настани, иницирање на младинско ангажирање, соработка со други НВО и локалната самоуправа и ќе допреме до голем број граѓани. Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на донаторот на овој проект го поттикнува искористувањето на слободното време кај младите за реализација на активности во Црвениот крст, со што тие успеваат да остават голем белег во своите заедници, како во идентификувањето на можните целни групи и полиња за дејствување.

На самата работилница под мотото Нашите принципи во акција на која учествуваа волонтери кои имаа можност да ја покажат својата креативност и да творат на тема принципи со цел подготовка и издавање прирачници/материјали кои ќе бидат користени во текот на имплементација на проектните активности.

< врати се назад