мај 11, 2015

Форум театри за превенција од трговија со луѓе

На 05.05.2015 година во кино салата во Делчево во присуство од над 200 ученици, родители и наставници, обучениот тим на волонтери во рамките на проектот „Превенција од трговија со луѓе“ поддржан од Влада на РМ одржа форум театар работилница. Работилницата беше модерирана од страна на претставници од НВО Рубикон кои се партнери на проектот.

Форум театар се одржа и на 07.05.2015 во Домот на култура во Валандово на која присуствуваа 50 лица а последниот форум театар ќе се одржи во Кочани на 13.05.2015 година.

Покрај форум театар работилниците, во рамките на проектот се одржуваат и по најмалку 10 работилници за врсничка едукација во Делчево, Валандово и Кочани во кои се очекува учество од над 750 ученици.

[tribulant_slideshow gallery_id=”3″]

< врати се назад