јуни 9, 2015

Отворена продавница за облека

prodavnica

Овој викенд Црвениот крст на Република Македонија отвори Продавница за облека која е опремена и функционира со поддршка на Алфа банка АД Скопје. Истата беше посетена и официјално отворена од страна на Главниот извршен директор на Алфа Банка, г-дин Dimitris Papajoanu, Генералниот директор, г-ѓа Милена Перчинкова и Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија г-дин Саит Саити.

Покрај продавницата поставени се уште 4 контејнери за донирање на облека во четири градови и тоа Скопје, Битола, Охрид и Струга.

Отварањето на оваа продавница претставува трета фаза од Проектот за донирање и дистрибуција на облека кој го имплементира Црвен крст на град Скопје со поддршка на Алфа Банка, а кој започна пред две години. Тогаш беа поставени 8 контејнери за облека во кои граѓаните во секое време можат да донираат облека, а потоа, следната година беше отворен и Пунктот за облека каде социјално загрозени семејства можат со ваучер да добијат облека, соодветна на нивните потреби. Како трета фаза на овој проект е отварањето на Продавница за облека која ќе овозможи на сите граѓани по симболични цени да купуваат половна облека. На овој начин се прави и првиот чекор кон самоодржливост на овој проект кој е насочен пред се кон помош и поддршка на ранливото население.

Продавницата за облека е лоцирана на ул. Кочо Рацин бр. 13, во зградата на Црвен крст на Република Македонија.

< врати се назад