август 4, 2015

Помош на настраданото население од поплавите во Тетово

Поројните врнежи од дожд, предизвикаа поплави на населени места, инфраструктурата и плодни површини во Тетово и околината. Поплавите на жал предизвикаа човечки загуби, како и големи материјални штети кои непосредно го погодија населението, за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити денес го посети на терен зафатеното подрачје во тетовскиот регион и семејствата погодени од поплавите.

Црвениот крст на РМ согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна 100 пакети, средства за хигиена 200 пакети, 150 сетови за дезинфекција 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 л флаширана вода за пиење. Во текот на денот дополнително ќе биде дистрибуирана и 15 т. вода за пиење. Се очекува до крајот на оваа седмица со помош да бидат обезбедни 200 семејства погодени од поплавите.

Според првичната процена, во моментот има потреба од помош во вода за пиење, средства за хигиена (средства за дезинфекција), храна, ќебиња.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 08,00 до 16,00 часот (контакт тел: 3 096 227), до 15 август 2015 година.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

  • Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

–     Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите.

За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.

11824062_10206128233539180_1824490463_n

11824008_10206128218058793_1726985546_n

11844027_10206128227859038_630302542_n

11830649_10206128143136920_1112620916_n

< врати се назад