Прва помош за сите! Апликација за прва помош за мобилни телефони

Апликацијата за прва помош за мобилни телефони (IOS и Android) е

-лесна за употреба, бесплатна и достапна за секој граѓанин.

-Содржи едноставни чекор по чекор инструкции за укажување на прва помош при различни несреќи и повреди

-Интегриранa e со бројот 194 за Итна медицинска помош

-Содржи видеа и анимации кои придонесуваат да учењето биде забавно и лесно

-Интерактивни квизови за тестирање на наученото знаење

Содржината на истите е во согласност со Прирачникот за прва помош на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Изработката на апликацијата е подржана од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Американски Црвен крст, како и со стручна поддршка од Т мобиле-Македонија. Апликацијата можете да ја преземете од Google play stores и iTunes како Прва помош-Црвен крст на Р.М и бесплатно да ја инсталирате на Вашиот мобилен телефон. Сепак мора да нагласиме дека и најдобрата апликација неможе да ја замени обуката и стекнувањето на практични вештини за давање прва помош ! Затоа Ви препорачуваме да посетите некоја од обуките за прва помош кои ги организира Црвениот крст на Р Македонија.

redcross-app

< врати се назад