септември 18, 2018

Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите 11 септември

Денес, на 18-ти Септември 2018 година, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, го одбележа Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите (11 септември) преку крводарителска и собирна акција во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина каде присуствуваа генералниот секретар на Црвен крст на РМ, г-дин Саит Саити, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, г-дин Џес Бејли, претставник од Институтот за трансфузиона медицина г-ѓа Миленка Благоевска,пратеници, министри, професори и волонтери на Црвениот крст на РМ.

Денешнава крводарителска  и собирна акција, веќе се препознатливо обележје на нашата соработка , која се темели на принципите хуманост и солидарност кои и за двете држави претставуваат дел од колективната и индивидуалната свест.

Многупати во минатото на американскиот народ и нашите народи сме се соочиле со предизвици кои бараат активизам без дистинкција во однос на верска, етничка и полова припадност и токму тоа не направило посплотени и не издигнало над човековите страдања преку нивно ублажување.

10 годишниот јубилеј го одбележа градење на пријателства, грижа кон другите, хуманост на дело. Низ годините, научивме повеќе едни за други, ги прифативме различностите, дадовме придонес кон заедницата, изградивме цврсти темели кои низ годините ги надградивме истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити и по тој повод на амбасадорот на Соединетите Американски Држави, г-дин Џес Бејли му беше врачена благодарница.

< врати се назад