јули 7, 2017

Часови по пливање и рекреација за лица со оштетен вид

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје во летниот период се организираат часови по пливање и рекреација за лица со оштетен вид. Часовите за лицата со оштетен вид се бесплатни и се реализираат во месеците јули и август. За лицата кои што не знаат да пливаат обезбедени се инструктори по пливање и спасители на вода обучени за работа со лица со оштетен вид, кои ги подучуваат и учат правилно пливање. Останатите, кои знаат да пливаат го посетуваат базенот за рекреација. Целта на активноста е лицата со оштетен вид да го научат спортот пливање, да се рекреираат и да го зголемат степенот на социјализација. Сите заинтересирани лица со оштетен вид за оваа активност може да се пријават во Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. 
Центарот за поддршка се реализира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

< врати се назад