јуни 21, 2019

ЦКА-ПХВ Пехар

Пехар во Охрид, во рамките на ЦКА-ПХВ програма-2019 година

Се одржа 9-та по ред манифестација “ЦКА-ПХВ пехар”, која има за цел промоција на програмата и на младите од онаа Општинска организација на Црвен крст од којшто се изработени најголем број на проекти оценети со сонце.

Оваа година беа изработени 150 мали проекти, од кои 33 беа оценети со фаза сонце, а овогодинешниот добитник на ПХВ Пехар e Општинска организација на Црвен крст Охрид. На свечената манифестација се обрати генералниот секретар на Црвен крст на РМ, претставник на Советот на Општина Охрид и претседателот на Црвен крст Охрид.

Во преполна сала во Центарот за Култура “Григор Прличев” во Охрид, покрај пехарот, беа врачени и благодарници за Куманово, Центар, Велес, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Карпош, Кисела вода, Чаир, Струга, Кавадарци, Виница и Валандово  како организации кои изработиле мали проекти преку кои се направени трајни промени во заедницата.

Честитки за сите, дисеминаторите, младинците, наставниците, родителите, секретарите… за сите кои беа дел од овогодинешната програма која предизвика промени кај повеќе од 3.000 лица.

< врати се назад