февруари 28, 2018

Црвен крст на Македонија потпиша договор со Министерство за здравство за активности за превенција од ХИВ

Црвениот крст на Македонија денес во просториите на Министерство за здравство заедно со останатите 14 НВО кои работа на полето на Превенција од ХИВ кај различни целни групи  ги потпишаа договорите за соработка и имплементирање на активности во рамки на Превентивната програма за заштита на населението од ХИВ за 2018. Министерството за здравство на Р Македонија за прв пат целосно го превзеде финансирањето на превентивните програми за ХИВ по престанувањето на финансиската поддршка од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА,туберкулоза и маларија во декември 2017 година.

Овој чекор на Министерството за здравство  е признание за активниот придонес  на Невладиниот сектор во превенцијата и одржување на ХИВ на национално ниво. Црвениот крст на Р Македонија и понатаму како партнер на владините институции ќе дава свој придонес во спроведување на Превенцијата од ХИВ особено кај ризичните групи на население.

< врати се назад