мај 21, 2019

Црвениот крст на Република Македонија објавува оглас за регрутирање на Практикант за односи со јавност

Почитувани,

 

Црвениот крст на Република Македонија објавува оглас за регрутирање на Практикант за односи со јавност:

 

Одговорности и задачи:

  • Aжурирање на социјалните медиуми на Црвен крст на РМ (Web, Facebook и Instagram страна);
  • Подготовка на презентации и промотивен материјал за Црвен крст на РМ (промоцијана кампањи преку социјални медиуми);
  • Промоција и организација на значајни настани и манифестации на организацијата.

 

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности
  • Организациски способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Иницијативност и тимски дух
  • Флексибилност за повремено патување и работа на терен

 

Очекувани квалификации:

  • ВСС од областа на односи со јавност или новинарство
  • Претходно работно искуство не е потребно
  • Флуентен англиски јазик, писмена и усна комуникација
  • Работно користење на компјутер – MS office
  • Основно познавање на програми за обработка на фотографии (Photoshop)
  • Основно познавање на програми за дизајнирање на брошури, материјали и newsletters (Illustrator, InDesign, дизајнирање на Power Point презентации).
  • Основно познавање на маркетинг на социјални медиуми (Facebook, Twitter, Instagram LinkedIn)

 

*Пожелно е кандидатите да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа

 

Сите заинтересирани кандидати може да испратат кратка биографија на mustafa@redcross.org.mk или vilarova@redcross.org.mk, со назнака „Практикант“ најдоцна до 31.05. 2019 година.

 

< врати се назад