јуни 27, 2017

Дарувај од срце – биди хуман

Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, Црвен крст на град Скопје во соработка со Сити Мол иницираше активност за помош на социјално ранливи деца од семејство во ризик и деца и млади со посебни потреби членови на здружението Шпреса-Скопје и Албиз фондација. 
Крајна цел на активноста беше на децата и младите да им обезбедиме подароци кои тие ги посакаа за празникот. На пано во форма на цвет беа закачени сите желби на децата, а волонтерите на Црве
н крст ги поттикнаа сите хумани граѓани, фирми, компании да ја посетат локацијата, да изберат некоја од желбите и истата да ја остварат.

Благодарение на хуманите граѓани, фирми, компании успеавме да оствариме повеќе од 40 желби, кои децата ги посакаа за празникот. Доделувањето на подароците беше на 23.06.2017 година, во игротеката Имагинариум во ТЦ Сити мол.

Се надеваме дека со оваа активност заеднички излеговме во пресрет на потребите на децата и со остварување на нивните желби придонесовме за нивната среќа.

Посебна благодарност до Албиз Фондација, Везе шари, Нико компјутери, Мат стар.

 

< врати се назад