јуни 9, 2017

Дарувај од срце – биди хуман

Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, Црвен крст на град Скопје во соработка со Скопје City Mall, иницира активност за помош на социјално ранливи деца од семејства во ризик како и деца и млади со посебни потреби, членови на здружението Шпреса-Скопје. 

Целта е на децата и младите да им се обезбедат подароци кои тие ги посакаа за празникот.

Волонтерите на Црвен крст, на наменски поставено катче во Сити Мол ќе ги информираат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во активноста, а ќе мотивираме и фирми, компании и здруженија да излезат во пресрет на нашата иницијатива.

Активноста започна со запишување на желбите на 05.06.2017, а доделувањето на подароците е планирано за 23.06.2017. 
Дарувај од срце, биди хуман и биди дел од нашата приказна.

 

< врати се назад