октомври 18, 2016

Доделена плакета на Генералниот секретар на Црвен крст на Р.М од страна на претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери

На ден 18.10.2016 година, просториите на Црвен крст ги посетија претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, г-дин Драги Аргировски, во придружба на д.р Илија Глигоров и г-ѓа. Трајкова Станка, по повод  јубилејот-70 години (1946-2016) од постоењето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. По тој повод, претседателот на Сојуот на здруженија на пензионери, г-дин Драги Аргировски, му врачи плакета на генералниот секретар на Црвен крст на Р.М, д-р. Саит Саити за особениот придонес на Црвениот крст во развојот на пензионерското организирање во Македонија. Тој истакна дека овој вид на плакета е највисокото признание на нивниот сојуз.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Р.М, д-р. Саит Саити се заблагодари за овој убав гест и изрази честитки за нивниот јубилеј, за сите минати активности, но и за  активностите кои ќе произлезат од заедничката соработка во иднина.

geeralen23

< врати се назад