септември 13, 2017

Дониран училишен прибор зa 7 училишта вo Охрид и Дебрца

Во рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, Младите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид во изминатиот период собираа училишен прибор. Приборот денес беше дониран во седум основни училишта во Охрид и Дебрца, а е наменет за 114 првачиња. Во донацијата се вклучија поединци, фирми и институции.

< врати се назад