мај 23, 2017

Дружба со штитениците од здружението „Мобилност“– Скопје

Веќе четири години по ред младите волонтери од Црвен крст на РМ – Општинска организација Центар ја поддржуваат традицоналната средба на езерото Треска на лицата со телесен хендикеп од Здружението Мобилност – Скопје. Оваа година средбата се одржа на 20 мај и истата имаше за цел да го подобри културно забавниот и спортски живот на лицата со телесен хендикеп. Волонтерите на Црвен крст на РМ – Општинска организација Центар во текот на настанот имаа за задача да им помагаат на штитениците околу пречекувањето и сместувањето, но покрај тоа тие и се дружеа со присутните во текот на нивните активности. Редовната соработка помеѓу Црвен крст на РМ – Општинска организација Центар и Здружението за лица со телесен хендикеп „Мобилност“ Скопје ја продлабочува довербата на штитениците од здружението кон волонтерите и секогаш сe и повеќе од добредојдени на нивните настани и активности.

 

< врати се назад