јули 19, 2017

Eдно човеково патешествие со среќен крај

18.07.2017- Уште едно човеково патешествие заврши со среќен крај. Чичко Нури по цели две години конечно е повторно заедно со своето семејство кое со многу радост го дочека овој момент… Радоста е обострана, чест и задоволство беше да се биде дел од животот на човек кој не научи на трпеливост, упорност и неизмерна надеж, пред се голема љубов кон своето семејство за кое постојано зборуваше со големо задоволство.
Сега ни преостанува нам надежта само да посакаме ова семејство одново да ги живее моментите на среќа, слобода и меѓусебна љубов.
Во името на тимот на Црвениот крст, Службата за воспоставување на семејни врски при Црвениот крст на РМ им посакуваме многу среќни моменти заедно.

< врати се назад