февруари 4, 2019

Хуманитарна помош во вредност од 85.000 евра

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Турската Црвена полумесечина на 03 февруари 2019 година дистрибуираше дел од хуманитарна помош на 125 семејства во село Бучим, сместено во подрачјето на градот Радовиш.

Целокупната хуманитарна помош од 10 тона е донација на Турската Црвена полумесечина во вредност од 85.000 евра. Повеќе од 6.000 различни предмети на облека, како што се обувки, маици, панталони, џемпери, јакни беа поделени во пакети според возраста.“ Во наредниот период се планира да се додели и останата хуманитарна помош.

< врати се назад