февруари 8, 2018

Хуманитарна помош за поплавените во Кичевскиот регион

Црвен крст на Република Македонија преку Општинска организација на Црвен крст Кичево продолжува со хуманитарна помош и поддршка за жителите погодени од поројните дождови. Состојбата на терен се следи цело време од страна на волонтерите на Општинската организација Кичево и ситуацијата веќе е нормализирана.

Вo текoт нa овие денови беше доделена помош вкупно на 139 семејства на кои им беа поплавени нивните домови. До сега вкупно се дистрибуирани 208 прехранбени пакети, 281 хигиенски пакети, 706 ќебиња, 100 душеци, 1470 парчиња храна во конзерва, 206 чизми и обувки, 206 јакни, 26 памперси и хигиенски пакети за бебиња, 330 лепчиња и 834 литри вода за пиење.

 

< врати се назад