јануари 17, 2019

Хуманитарна помош за Танушевци

Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје, во рамките на своите програмски активности, на 16 јануари им излезе во пресрет на граѓаните од скопското село Танушевци со достава на хуманитарна помош.
Поради непристапниот терен, помошта беше дистрибуирани со помош на хеликоптерската единица на АРМ.  Од страна на Црвен крст беа доставени пакети со над 400 кг храна, хигиена, ќебиња и обувки. 
И во наредниот период продолжуваме да дејствуваме во зависност од потребите на населението.

< врати се назад