јануари 30, 2017

Хуманитарна помош за завеаните села

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на ДРЕФ операцијата за справување со последиците од студениот бран кој ја зафати нашата држава, дистрибуираше хуманитарна помош до завеаните села Танушевци и Малина Маало кои се наоѓаат на планината Скопска Црна Гора.

Хуманитарната помош за 25 завеани фамилии од двете села се состоеше од семејни пакети со храна, семејни пакети со хигиена, ќебиња, јакни и сетови со капи, ракавици и шалови. Дистрибуцијата ја спроведоа тимови на Црвениот крст на Република Македонија, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Чаир во соработка и координација со Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите и дистрибуцијата на хуманитарната помош продолжува и во останатите завеани места.

< врати се назад