февруари 21, 2017

Хуманост е да му посветиме внимание и на другиот

Александра Давидовиќ има 20 години и е волонтер во Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје веќе 4 години. Таа е сестрана, млада личност и е активна на многу полиња во Црвениот крст. Секојдневно го носи Адмрим, седум годишно момче, на училиште. Таа помага на неговото семејство бидејќи родителите на Адмир се слепи и не се во можност некои работи самостојно да ги извршуваат. Александра вели дека тој сака да разгледува енциклопедии, учи како да гледа на часовник, а му помага и да работат домашни задачи. Таа поминува и дополнително време со него и тогаш задно цртаат и играат забавни и едукативни игри. Тој учи од неа, но и таа од него. Црвен крст на град Скопје преку детектирање на проблемите во заедницата се обидува да бара долгорочни решенија.
Александра е активна и во Тимот за спасување на планина каде имаше можност да научи прва помош, но и да научи повеќе работи за ориентација и алпинизам.
Од оваа година таа е и дисеминатор во програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности каде ќе има можност да работи со 30 млади на возраст од 13 до 17 години, да ги мотивира и заедно со нив да поттикнува имплементација на мали проекти за добробит во заедницата во која живееме.

Приказната за Александра и нејзиното волонтирање во Црвен крст, е уште еден сегмент во нашите цели, во насока на зајакнување на капацитетите на младите лица кои утре ќе бидат лидери во нашата заедница.

< врати се назад