јануари 22, 2018

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ГУШКАЊЕТО

По повод интернационалниот ден на гушкањето 21-ви Јануари, битолчани се изнагушкаја на Широк Сокак. Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Битола подготвија активност на Широк Сокак преку која ги развеселија битолчани со многу прегратки, насмевки и фотографии. Сите фотографии се простирани на официјалната страна на Општинска организација Битола, а оние кои ќе соберат најмногу лајкови до 27.01.2018 ќе добијат симболична награда од нашата Oрганизација. Фотографиите се споделуваат со хаштагот #CKBTFREEHUGS. Младите на Општинска организација Битола допринесоа кон добрата саботна атмосфера на Широк Сокак со многу насмевки и топли прегратки.

http://www.babambitola.mk/bitolcani-se-iznagushkaja-na-shirok-sokak/

 

< врати се назад