март 10, 2020

Известување

Почитувани,

 

Имајќи ја во предвид неповолната ситуација која ја зафати нашата Држава како и препораките на Владата на Република Северна Македонија поврзани со коронавирусот, а со намера да се избегнат ризични однесувања како масовни собири во затворен простор, Ве известуваме дека Свечената академија по повод одбележувањето на јубилејот 75 години од основањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија, се одложува. Сакаме да Ви се заблагодариме за Вашата поддршка и интенцијата да учествувате на овој настан и Ве очекуваме по новото закажување на датум за Свечена академија повторно да бидете со нас.

 

Со почит,

 

Црвен крст на Република Северна Македонија

< врати се назад