септември 20, 2017

Кампања за подигнување на свеста за потребите на лицата со оштетен вид Проект: ,,Проект на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се изработуваат ЦКА-ПХВ проекти за добробит и помагање на заедницата. Лицата со оштетен вид се обучуваат и мотивираат да помагаат и изработуваат мали проекти за помош на загрозеното население. Децата со оштетен вид поминаа низ неколку едукативни работилници, при што се стекнаа со обука како да станат активни и хумани членови на општеството.
Дел од секојдневните проблеми и потешкотии со кои се соочуваат децата со оштетен вид во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ е соочување со граѓани кои несоодветно ги шетаат своите миленичиња во училишниот двор. За таа цел од 15ти до 21ви септември се реализира кампања во училиштето за информирање на граѓаните да не ги шетаат своите миленичиња во училишниот двор. На овој начин, се мотивираат лицата со оштетен вид да ги изнесат своите проблеми и потешкотии со кои секојдневно се соочуваат и да допрат директно до населението, подигајќи ја јавната свест за нивните потреби.

 

< врати се назад