јуни 19, 2019

Координативна средба со секретари

На 18 јуни 2019 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа координативен состанок со секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

Секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје беа запознаени со Правилници поврзани со донесување на Законот за именување и дополнување на Црвен крст, новиот концепт за планирање,  воспоставување на системот за мониторинг и евалвација, Кампањата за прва помош.  А исто така се дискутираше за надградба на софтверски решенија за тековно работење кои имаат за цел да ја поуспешат работата на Црвениот крст на Република Македонија во претстојниот период.

< врати се назад