ноември 1, 2019

Координативна средба

На 30.10. 2019 во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржа координативен состанок со секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

Секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје беа запознаени со збогатување на нормативната рамка и подготовката на нови интерни акти и ревидирање на постојните, новиот концепт за планирање, методологијата за мониторинг и евалуација, кампањата за прва помош и др. А исто така се дискутираше за современи апликации за тековно работење кои имаат за цел да ја поуспешат работата на Црвениот крст во претстојниот период.

< врати се назад