април 11, 2017

Корисни совети за младите мајки

Едно од најчестите прашања на родителите е „Што ако нешто му се случи на моето дете?“. Со замисла да се успокојат идните и младите мајки Црвен крст на Република Македонија  – Општинската организација Центар и женскиот центар „Астарта“, на 8 април организираа кратка обука која имаше за цел да ги подготви мајките да се стекнат со знаења и вештини за давање на прва помош кај доенчиња и деца при незгоди. На обуката теоретски и практично беа прикажани соодветното однесување и постапката при незгода, укажување на реанимација на доенче и мало дете, најчестите повреди на глава, врат и око, како и соодветното однесување во случај на рани, згушување од страно тело, изгореници и труење. Советите од докторката Емилија Чутановска побудија интерес кај младите мајки и се надеваме дека ќе им бидат од помош доколку во иднина се сретнат со некоја од прикажаните незгоди.

Идејата за една ваква активност во иднина ќе претставува основа за подготовка на проект во партнерска соработка со женскиот центар *Астарта*.

< врати се назад