јуни 15, 2017

Користење на Дрон во спасителна акција

Во период од 09-13.06.2017, во Кресна, Република Бугарија се одржа тренинг за спасување од поплави на кој учествуваа претставници на Црвениот крст на Македонија, Црвен крст на Бугарија и Црвен крст на Србија.

Главна цел на тренингот беше подигнување на капацитетите на волонтерите и стручната служба помеѓу овие национални друштва за подобрување,координација и заедничко дејствување, како и зајакнување на отпорноста и подигнување на ефикасноста и одговорот во случај на катастрофи.

Во рамките на тренингот се разработуваа темите: дејствување и извлекување на затрупани лица, спасување и укажување на помош при поплави, основни правила за движење по река и пливање, психофизичка подготовка на спасителите, управување со чамец, работа со јажиња и јазли, итн.

За време на главната вежба се користеа Дронови кои ја снимаа вежбата и имаа улога на пребарување на исчезнати лица , како и координација на спасителите.

 

 

< врати се назад