февруари 7, 2018

Курс за изучување Брајово писмо

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид започнуваме со реализација на нова активност, курс за изучување на брајово писмо. Во текот на курсот, корисниците ќе се запознаат со реквизитите за пишување на брајовото писмо и начинот на читање, изучување на буквите од азбуката. Со посетување на овој курс секој од корисниците ќе се здобие со добро познавање на писмото т.е. секој од нив ќе знае да чита, пишува и да се служи со брајовото писмо. Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“, поддржан УСАИД и ЛЦИФ.

< врати се назад