мај 11, 2017

Лица со оштетен вид изработуваат ЦКА-ПХВ проекти за добробит на заедницата

Во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“, имплементиран при Црвен крст на град Скопје децата од училиштето ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Децата со оштетен вид поминаа низ неколку едукативни работилници со што се стекнаа со обука како да станат активни учесници во заедницата и да придонесуваат со помагање на ранливите категории во нашето општество. Во тек се неколку креативни работилници преку кои тие изработуваат различни изработки, а граѓаните ќе имаат можност да купуваат рачни изработки со што ќе се обезбедуваат средства за помагање на ранливите целни групи.

            Целта на ЦКА-ПХВ работилниците со децата со оштетен вид е унапредување на нивните вештини, преку интерактивни типови на едукација, социјализација и мотивација да бидат активни и хумани членови на заедницата.

< врати се назад