септември 13, 2017

Мал грант за развој на социјалниот сервис

Мал грант за развој на социјалниот сервис

,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“

од Амбасада на Р.Словачка за Црвен крст на град Скопје

 

Црвениот крст на град Скопје и Амбасадата на Р.Словачка потпишаа договор за соработка т.е. доделување на мал грант за имплементација на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. На настанот кој се оддржа во просториите на Амбасадата на Р.Словачка свое обраќање имаа Амбасадорот на Р.Словачка г-дин. Безак  и Генералниот Секретар на Црвен крст на Р.Македонија г-дин.Саит Саити. Гратот го доделува Амбасадата на Р.Словачка на Црвениот крст на град Скопје кој преку своите тимови ќе опфати 180 стари лица во домашни услови со посети од страна на медицински сестри и волонтери и 3 дневни центри за активни стари лица. Грантот во висина од 10000евра ќе се реализра во период од 6 месеци а заеднички ќе биде организирана и кампања за одбележуање на Светскиот ден на старите лица 1ви октовмри и Неделата на грижа за стари лица во месец ноември.

 

< врати се назад