април 7, 2017

Мече за секое дете

Мобилните тимови на Црвен крст секојдневно патролираат на потегот Лојане, Липково, Ваксинце каде најмногу има движење на лица кои се ирегуларни мигранти. Црвениот крст се обидува да им го олесни животот преку дистрибуција на храна, облека, суплементи за мали деца како и сѐ друго што им е потребно. Лекарите и парамедиците од мобилните тимови, секојдневно пружаат и медицински интеревенции и асистенции. Од неодамна, во Лојане се отвори и мала канцеларија која има посебен дел за поддршка на мајките и децата. Во неа тие може на момент да здивнат, да се заборави на секојдневието и да се погушка играчка-мече кое е симбол на детство за секое дете. Многу деца донираа играчки за децата од Сирија, Авганистан, Пакистан и од многу други земји кои патуваат за да стигнаат до некоја нивна дестинација, а истите се сега во прегратките на овие деца.

Оваа активност е реализирана со поддршка на UNICEF, Save the children и ECHO.

< врати се назад