Меѓународна соработка

Една од примарните задачи на Црвениот крст на Република Северна Македонија претставува ефективно и континуирано градење на партнерски односи и соработка преку имплементација на програмски и проектни активности со партнерски организации насочени за помош и поддршка на различни целни групи. Во изминатиот период, националното друштво континуирано го надградува свој препознатлив имиџ во Република Северна Македонија и Движењето. Разновидноста на нашата организација има голема практична вредност која ни овозможува да стигнеме до повеќе луѓе со поширок опсег на активности. Најважниот предизвик за организацијата е обезбедување континуитет на планот на меѓународна програмска и проектна поддршка за имплементација на активностите на националното друштво. Тоа се остварува преку иновативно, транспарентно и ефикасно работење за да се задржи интересот на партнерските организации за мобилизирање и обезбедување фондови за имплементација на програми и проекти на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Плодната соработка со компонентите на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, со агенциите на Обединетите Нации, Европската Унија и други меѓународни организации и дипломатски претставништва, овозможи Црвениот крст на Република Северна Македонија да се развие во национално друштво кое добро функционира. Постигнуваната и воспоставената добра соработка со партнерските организации се добар предуслов Црвениот крст на Република Северна Македонија, да продолжи да имплементира разновидни проекти и програми финансирани од меѓународни донатори за повеќе ранливи категории на население во локалните заедници, како и за организациски развој на националното друштво.

Црвениот крст на Република Северна Македонија остварува меѓународна соработка со повеќе меѓународни организации и национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина по пат на заеднички проекти, хуманитарни акции и размена на позитивни искуства. Примарна цел на меѓународната соработка е размена на искуства и имплементација на заеднички активности како и обезбедување на проектна и програмска поддршка за обезбедување услуги и опслужување на различни категории на корисници.

Меѓународната соработка на Црвениот крст на Република Северна Македонија е насочена кон подобрување на капацитетите на националното друштво за поефикасно извршување на својата хуманитарна мисија во Република Македонија и светот во своите напори за обезбедување и укажување на помош за најранливите категории на население.

< врати се назад