октомври 1, 2019

Младите од Црвениот крст

Младите од Црвениот крст на Република Северна Македонија се млади луѓе од територијата на Република Македонија, кои се залагаат за подобрување на животот на ранливото население, со искористување на слободното време за волонтирање во активностите и програмите на националното друштво. 

Тие се на возраст до 30 години, од различна националност и верска припадност и се организирани на национално и локално ниво. Во рамките на секоја општинска организација на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, младите се организираат во Клубови на млади, додека на национално ниво претставници од сите клубови на млади го сочинуваат Советот на млади како највисок орган на Младите на Црвен крст на Република Северна Македонија.

< врати се назад