март 28, 2017

Младите со оштетен вид дел од ЦКА-ПХВ програмата

Во рамките на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот, а преку Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на Црвен крст на град Скопје се организираа 3 ЦКА-ПХВ обуки. ЦКА-ПХВ програмата е национална алатка за регрутирање на волонтери и преку истата се обучуваат младите да изработуваат проекти за добробит на заедницата. Оваа година истата беше прилагодена на околу 23 лица со оштетен вид кои ќе изработуваат проекти за добробит на заедницата. Дел од децата се ученици на ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов“, а останатите се посетители на Центарот за поддршка за лица со оштетен вид. Оваа активност има двонасочна цел т.е. од една страна пружење помош на заедницата, а од друга страна демонстрирање на способност и флексибилност на лицата со оштетен вид во околности кога условите се прилагодени согласно нивните потреби.

< врати се назад